НОВО!!!

БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

НАТАША МИТРОВСКА

Наташа Митровска е родена 1965 год. во Задар, Хрватска. По професија е психолог, со потесна специјалност – советник за неплодност. Сопственик е на Центарот за психолошка поддршка во репродуктивната медицина „Концепција“ во Скопје. Покрај работата со жени и парови кои се лекуваат од неплодност, таа работи како лајф коуч и тренер за личен развој, индивидуално и во групи.
Со областа на мотивацијата и саморазвојот се занимава повеќе од 15 години, а како резултат од таа нејзина работа и постојаната фасцинираност со умствените и духовни потенцијали на човекот за креирање на сопствениот живот, произлезе книгата „Кои сме ние: Како да креирате за себе живот каков што сонувате“ (издание на „Топер“, 2008 год.), а две години подоцна и книгата – прирачник „Не пушете – бидете среќни“. Од 2005 год. одржува семинари и курсеви од неколку области од мотивацијата и личниот развој, како што се:„Како да станете креатор на сопствениот живот“, „Вашиот ум во служба на вашето здравје“, „Како до полесно забременување“ и најновиот, „Станете непушач за 21 ден“.

Таа, како и сите ние, се наоѓа на сопствениот пат кон подобар живот, но со една несовладлива желба - сите свои знаења стекнати на тој пат да ги споделува со другите, со цел да имаме што повеќе здрави и среќни луѓе со кои ќе изградиме подобар и поубав свет за сите нас. Или, како што самата вели во книгата „Кои сме ние“:

„Кога бев мала, па и не толку мала, често посакував, кога ќе видам дека некој е несреќен, тажен или не се чувствува добро, да направам нешто што ќе го извади од таа состојба и ќе му покаже дека животот, всушност, е убав! Не знаев како да го правам тоа, меѓутоа секогаш сум била сигурна дека е можно. Дека само треба да дознаеме ’како’.“

Откривањето на тоа „како“ или изнаоѓањето на најдобрите начини, методи и техники за да се биде среќен е вечна инспирација за Наташа. А со стекнатите знаења и вештини да ви помогне ВАМ на патот кон среќата и самоостварувањето, тоа е нејзината мисија.

Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата