ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ И КОУЧИНГ
за коучингот
онлајн советување и коучинг
телефонско советување и коучинг
закажување
ЗА КОУЧИНГОТ
Предизвиците и тешкотиите со кои повремено се соочуваме во текот на животот се неодвоив дел од него. Тие се дел од процесот на раст и развој на нашата личност. Сите ние се плашиме од неуспеси, од порази, од грешки, од можни скриени опасности кога ќе зачекориме во непознатото...Но решавањето на проблемите и надминувањето на предизвиците не мора да биде само напорно и тешко. Тоа може да ви донесе и задоволство, да ви пружи сатисфакција, да ве обдари со нова доза на самодоверба, да ве направи похрабри, порешителни, поуспешни.
Во скоро секоја област од животот имаме учители, тренери, ментори, но кога треба да се соочиме со проблемите во секојдневието или да постигнеме одредена цел што ни е важна за нашето успешно функционирање како личност, некако сите мислиме дека тоа треба „природно“ да го знаеме, без никој да нe учел на тоа. Но, замислете, кога се наоѓате на раскрсница во животот или кога треба да донесете голема одлука, да имате покрај себе некој што ќе ви помогне да го одберете вистинскиот пат, да ја донесете најдобрата одлука, некој што ќе ве поддржува и охрабрува да ги направите потребните промени и безбедно да зачекорите надвор од вашата зона на комфорот...Некој што ќе ви помогне да ги препознаете своите цели, своите желби, а потоа заеднички да направите план за нивно остварување...
Со лајф коучингот, новиот метод што полека го освојува светот, вие добивате свој личен ментор и тренер, кој ќе ве мотивира, инспирира и насочува како да најдете најповолно решение за вашите проблеми, да ги развиете сопствените потенцијали и да ги остварите своите цели и соништа. За разлика од терапијата, коучингот е ориентиран на решавање на практични проблеми од вашето секојдневие и постигнување позитивни резултати.
Сакате ли да промените нешто во животот?
Ви недостига ли храброст или мотивација?
Дали знаете што сакате, но не знаете од каде да почнете?
Или едноставно посакувате подобар и посреќен живот од овој што сега го имате?
Индивидуалното советување и коучинг ќе ви помогнат да го реализирате својот вистински потенцијал и да го креирате животот што го сакате.
ОНЛИНЕ СОВЕТУВАЊЕ И КОУЧИНГ
Онлајн советувањето и коучингот може да се одвиваат писмено, преку e-mail или chat (skype) или усмено, преку аудио или аудиовизуелен разговор (skype). Вие самите го одбирате моделот што најмногу ви одговара. Моделите можат и да се комбинираат по договор.
Зошто онлајн коучинг?
Предноста на онлајн коучингот е што го добивате во удобноста на вашиот дом, при што заштедувате време и пари. Достапен ви е и ако живеете во друг град или сте на другиот крај на планетата. Со него дискрецијата е уште поголема отколку сеансите во живо. Пишувањето (chat и e-mail сеансите) може да е поблиско до вашиот природен начин на изразување. Тоа ви помага полесно да дојдете во контакт со своите емоции и подобро да го разберете вашето размислување и однесување. Напишаното можете повеќе пати да го прочитате, додека делови од разговор лесно се забораваат.
Онлајн коучингот ќе ви помогне:
- ако имате проблеми во врската (бракот) или во односите со другите
- ако не можете да пронајдете партнер што ви одговара
- да ја надминете несигурноста, стресот, анксиозноста, стравовите
- да стекнете поголема самодоверба
- да дојдете до подобра работа, позиција и финансиска состојба
- да се ослободите од лошите навики
- да го подобрите изгледот, здравјето и да развиете нови навики
- да ги остварите своите цели и да креирате за себе живот каков што ВИЕ сакате
Престанете да чекате животот еден ден да ви ги донесе нештата што ги посакувате. Донесете одлука да направите позитивни промени и тргнете во реализација на замисленото!
Да се има персонален советник и коуч веќе не е луксуз, туку потреба. А модерната технологија сега ви го овозможува тоа на лесен и достапен начин, секогаш кога ви е потребно.
ТЕЛЕФОНСКО СОВЕТУВАЊЕ И КОУЧИНГ
За сите што не користат компјутер или интернет, сеансите може да се остварат телефонски, со истото времетраење, една сеанса 45-50 мин. Предноста на скајпот (или e-mail пораките) е што немате дополнителни трошоци за телефон.
ЗАКАЖУВАЊЕ
Терминот за онлајн сеанса се договара однапред, со закажување на тел. 070/32 35 32 или со праќање e-mail на [email protected] . Сеансите обично се закажуваат еднаш до двапати неделно. Работното време е од 10-14 часот претпладне и од 16-19 часот попладне, од понеделник – петок. За информации и закажување на прв термин ве молиме јавувајте се во периодот од 14-16 часот и после 19 часот, или најдобро, пратете e-mail.
Една онлајн сеанса во вид на разговор преку skype (аудио или со веб-камера) трае 45-50 мин., а chat сеансата (со пишување) 1 час. E-mail коучингот подразбира еден e-mail од коучот (1-2 страни) како една сеанса. На вашите мејлови одговор добивате во рок од 24-48 часа.
Доколку немате Skype програм, можете бесплатно да го преземете тука.
Плаќањето се врши однапред со уплата на нашата жиро-сметка. Ситe потребни информации ќе ги добиете на тел. 070/32 35 32 или на e-mail: [email protected].
Кога планирате онлајн сеанса пожелно е:
- да испратите e-mail неколку дена порано на [email protected] , при што го договараме времето и User name потребен за воспоставување на првичниот контакт по Skype. Понатаму секоја комуникација се одвива по skype. По потреба можете да си направите нов User name што ќе го користите само за онлајн сеансите.
- да си изберете место каде што никој нема да ве вознемирува за време на сеансата
ВАЖНО:
Онлајн сеансите не се спроведуваат со лица под 18 години, како и со клиенти кои:
- имаат сериозно ментално заболување
- се зависници од алкохол или наркотици
- ако сте жртва на насилство или на било кој начин ви е загрозен животот
- ако ви е потребна итна медицинска интервенција
Доколку во текот на советувањето утврдиме дека ви е потребна помош од психотерапевт или психијатар, сeсрдно ќе ви помогнеме да ја добиете истата на соодветно место.