НЕ ПУШЕТЕ – БИДЕТЕ СРЕЌНИ
издавач: Концепција
цена: 480,00 ден.
нарачка
Се сакате ли себеси доволно за да престанете да пушите?
Сакате ли поквалитетен и посреќен живот?
Ако е така, тогаш ова е вистинската книга за вас! Бидејќи, како што самата авторка вели во посветата, книгата е „за сите пушачи кои доволно се сакаат себеси за да ја прочитаат и за сите оние кои доволно сакаат некој пушач за да му ја подарат“.
Во оваа книга ќе разоткриете некои свои заблуди, погрешни верувања кои ве оневозможувале во вашите желби и напори да живеете живот каков што посакувате!
Авторката, од позиција на поранешен страсен пушач и без влакна на јазикот, ве води низ познатите лавиринти на животот исполнет со чад од цигари, за да ви го покаже патот и директно да ве одведе на многу поубаво место од она на кое во моментов се наоѓате.
Во книгата „Не пушете – бидете среќни“ е претставен најновиот метод за одвикнување од пушењето, т.н. метод на репрограмирање на умот, како еден од најефикасните и најуспешни методи денес за трајно сузбивање на оваа штетна навика. Методот е детално опишан во книгата, чекор по чекор, за да може секој пушач сам да го примени и да ги постигне посакуваните резултати. Придружете им се на милионите луѓе низ светот кои го оставиле пушењето за да можат конечно вистински да уживаат во животот!