Бруно Шимлеша
ЉУБОВОЛОГИЈА
превод: Наташа Митровска
издавач: Концепција
страници: 300
издадена: 2012
цена: 480,00 ден.
нарачка
- Која е разликата помеѓу љубов и заљубеност?
- Постои ли безусловна љубов и сродни души?
- Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
- Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?
Ова се само некои од прашањата што ги поставува и на кои прецизно одговара Бруно Шимлеша, најпознатиот хрватски автор на духовна литература во својата нова книга Љубовологија, која нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.
Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања кои си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ја вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање на убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша на читателите им задава уникатен тест, кој на партнерите ќе им помогне да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.
Book trailer за книгата „Љубовологија“ од Бруно Шимлеша, во издание на Концепција