НОВО!!!

БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

ИЗВАДОЦИ

МОЌТА НА НАШИТЕ МИСЛИ

Мислите ли дека можете нешто или дека не можете, во право сте сeедно
- Хенри Форд

Преку сликите што ги имаме во умот ние создаваме во физичката реалност. Она што го мислиме, што си го претставуваме, што го визуелизираме и имагинираме во менталната сфера, го креираме во надворешниот свет. Сликите во нашиот ум се мост меѓу не-материјалниот и материјалниот свет. Обрнувајќи внимание или задржувајќи се на одредени мисли и одредени слики, ние како да велиме „ова е тоа што го сакам“. Кому му го велиме тоа?
Да се потсетиме на основните тези на квантната физика – сè околу нас и во нас е составено од една иста енергија, односно квантни честички на енергија, кои се во постојано движење. А како тие ќе се придвижат и во која форма ќе се манифестираат, зависи од умот, од свеста, од оној што набљудува. Значи, од самите нас. Ние навлегуваме со нашата свест (мислите) во квантното поле на бескрајната интелигенција. Зошто тоа поле е интелигентно? Затоа што од него се направени планетите, ѕвездите, астероидите, земјата, водата, воздухот. Од него се направени планините, реките, вулканите, секоја карпа, камен, секое дрво, трева, растение, секој инсект, секоја птица, секое животно на Земјината топка. И ние.
И што е најчудно, сето тоа совршено функционира. Знаете ли дека ако Земјата се наоѓаше само малку поблиску или малку подалеку од Сонцето, сè живо на неа ќе беше или спржено или замрзнато? Сонцето изгрева секој ден на источниот хоризонт и тоа го прави по точно утврден распоред. Астрономите ги имаат точно пресметано позициите и движењата на познатите небеските тела, така што уште отсега знаеме како тие ќе бидат позиционирани, на пример, на 1.12.2521 година.
Зар не се восхитувате на прецизноста на растенијата секоја пролет повторно да никнат или процветаат во точно одредено време, дури без оглед на моменталните временски прилики? Или на јагулите од Охридското Езеро кои се мрестат во далечното Сарагасово Море, а не поседуваат никаква мапа за да стигнат до таму? Или на ластовичките кои зиме одат во јужните краишта, а потоа повторно, се враќаат точно во своите родни гнезда, без да фрлаат зрна ориз по патот?
Зар не ве фасцинира сопственото тело со неговото совршено функционирање? Начинот на кој ја средува, затвора и оздравува раничката кога ќе се пресечете...начинот на кој со покачување на температурата се бори против разните вируси или бактерии кои го загрозуваат...или, пак, функциите на автономниот нервен систем, како дишењето или работата на срцето, кои постојано се одвиваат без вие воопшто да водите сметка за тоа... 
Значи, да се вратиме повторно во тоа поле на бескрајната интелигенција или квантно поле,  како што го нарекуваат физичарите. Ние со нашите мисли, преку сликите што ги создаваме во умот, постојано креираме. Сликите или претставите што ги имаме ментално, всушност се она што потоа се креира во објективната реалност.
И тука настанува главниот проблем.
Мислите што ги имаме зависат од тоа каде е насочено нашето внимание. Кога мислиме на нешто што ни е пријатно или гледаме нешто што ни се допаѓа, ние имаме пријатни и позитивни  мисли и слики. Кога мислиме на нешто или набљудуваме нешто што не ни се допаѓа и што е непријатно или вознемирувачко за нас, ние во умот имаме непријатни, негативни мисли и слики. Како што видовме, сликите што ги создаваме се она што потоа се манифестира во стварноста. Ако имаме позитивни слики или претстави, тоа е она што ќе го добиеме подоцна во стварноста. Ако тие слики се негативни, тогаш негативното е она што ќе го добиеме во стварноста. Затоа што нема кој да одлучува наместо нас! НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Нашето внимание, нашиот фокус е она што ја придвижува енергијата од која сè е создадено. Ако вниманието ни е на нешта што ги сакаме, тогаш енергијата ќе ни помогне да креираме нешта што ги сакаме. Но, ако сме фокусирани на нешта што не ги сакаме, тогаш во реалноста ќе искреираме нешта што не ги сакаме. Познат е одговорот што им го дала Мајка Тереза на организаторите на еден протест „против војната“, кога ја замолиле да им се придружи. Таа им рекла: „Ако имате протест ЗА МИРОТ, тогаш ќе дојдам.“
Ова е најважната работа што треба да ја разбереме во врска со нашите мисли. НИЕ сме тие кои дозволуваме или не дозволуваме одредени содржини да се задржуваат во нашиот ум. Мислите постојано, автоматски ни минуваат низ умот, но НИЕ сме тие што им допуштаме да престојуваат таму или не.

Зошто претходно реков дека тука лежи главниот проблем? Затоа што ние најчесто го фокусираме своето внимание на околности, случки, настани, луѓе кои не ни се допаѓаат или нè плашат, кои нè вознемируваат и предизвикуваат негативни чувства и состојби во нас. Она што најчесто го визуелизираме и замислуваме се грижите, стравовите, негативните очекувања. Еден просечен човек 70-80% од времето во текот на денот е преокупиран со вакви негативни мисли. Зар е чудно тогаш што повеќето луѓе се соочуваат со проблеми и тешкотии во своето секојдневие?
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата