НОВО!!!

БРУНО ШИМЛЕША повторно во Скопје!!!

Повеќе...


ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР „БИДИ СВОЈ. БИДИ ЗДРАВ. БИДИ СРЕЌЕН“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

ИЗВАДОЦИ

ИЛУЗИЈАТА НА АКТУЕЛНАТА РЕАЛНОСТ

Вие ги гледате нештата околу себе и велите: „Зошто?“. Но јас сонувам нешта што никогаш не биле и велам: „Зошто да не?“
- Џорџ Бернард Шо

Гледајте и учете од децата како тие спонтано се ослободуваат од негативните емотивни состојби и гледаат што побрзо да го преокупираат своето внимание со убави и пријатни нешта! Ние, пак, како да чувствуваме дека мораме да се занимаваме со непријатните работи, непријатните должности, да одиме против себе во име на нешто или некого, со цел да ги решаваме проблемите кои се пред нас.
Ништо не е подалеку од вистината. Не сме дојдени на овој свет, такви прекрасни, раскошни, величествени, моќни - за да си го трошиме времето и енергијата на нешта што нè прават незадоволни, тажни, малодушни , несреќни. Не, напротив! Тука сме за да го проживееме секој ден на начин како што ние сакаме, на начин што ќе направи да се чувствуваме вистински живи, среќни и задоволни. Кога ќе умрете, нема да можете со себе да ги земете парите што сте ги заработиле или куќите, становите, автомобилите што ги имате, ниту, пак, ќе може да ги земете луѓето што ги сакате...ќе ги понесете со себе само вашите искуства и доживувања, какви и да биле тие. Затоа е важно тие да бидат онакви какви што сакате. Затоа најважната работа на светот е да се чувствувате добро и да се чувствувате добро што почесто можете. Бидејќи, на крајот на денот (што би рекле Американците), тоа е она што „се важи“.
Општоприфатената животна филозофија дека добро треба да се помачиме за да добиеме нешто што го сакаме, дека треба да работиме работа што не ја сакаме за да заработиме пари, дека треба да живееме со некој што не го сакаме доволно само за да имаме семејство и деца, дека треба да одржуваме контакти со луѓе што не ни се пријатни само за да имаме пријателства, со  еден збор, да правиме компромис со нашите вистински желби и потреби за да ги оствариме целите што ги имаме – тргнува од стравот дека ние не можеме да го имаме тоа што го сакаме за себе, освен ако нешто жртвуваме за да го добиеме тоа.
Прво, и најважно, ние можеме, како што видовме дури и со научни докази, да искреираме за себе сè она на што ќе посветиме внимание на правилен начин. Имаме ум кој е многу посупериорен од каква било околност или ситуација во која се наоѓаме.
Второ, границите на она што и како можеме се единствено одредени од нашата имагинација и нашите верувања. Науката и експериментално го докажа тоа.    
Трето, нема да можеме дури ни со жртвувања,  откажувања и компромиси да ги оствариме поставените цели, ако вибрацијата што ја емитираме поголемиот дел од времето е негативна (заради тоа што, воглавно, правиме работи што не ги сакаме).
Зошто ви го кажувам ова? За да сфатите колку е бесполезно да го живеете животот не онака како што сакате, туку како што мислите дека морате! Како што мислите дека се очекува од вас. Така ќе имате многу малку задоволства во текот на животот, а до целите ќе доаѓате бавно, тешко или никако.
А би можело да биде вака:

Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата